На универзитетите во Македонија денеска почнува новата академска 2016/2017 година.
За новите студенти беше организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив присуствуваа и ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство.
Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, присуствуваше на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Домот на АРМ.
Предавање по повод првиот академски час се одржа за питомците и студентите на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, а свеченост за новите студенти ќе има и на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) на која ќе присуствува ректорот, Вулнет Амети.