Денеска на распит во Кривичен суд, осомничените од „Труст“

Барањата на СЈО за одредување на мерка притвор за осомничените во најновата истрага „Труст“ се добиени во Кривичниот суд.

Тие се распределени кај судија на претходна постапка и во текот на денот осомничените ќе бидат повикани на распит.

Во предметот „Труст“ осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.   Според наодите на СЈО, ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат профит од 17 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e