Денеска ќе се знае кој ќе ја состави новата влада?

Денеска е последниот рок до кога претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за состав на владата на партијата што ќе направи мнозинство во Собранието.

По конституирањето на новото Собрание, на 30 декември, се исполни законскиот услов да почне да тече рокот за формирање влада.

Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, 9 јануари, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба му поднесе програма и да го предложи составот на Владата, за кој пратениците ќе треба да гласаат.

Иванов изјави дека ќе ги испочитува роковите за доделување на мандатот кои се предвидени во Уставот.

Ако се суди според најавата на Никола Груевски дека ако ВМРО – ДПМНЕ не успее да направи влада ќе се врателе на голема врата што укажува на тоа дека Груевски има проблеми да состави влада, а мандатот за составување на влада Иванов веднаш може да и го додели на втората партија со најголем број на гласови, СДСМ доколку докаже пред него дека го има потребното мнозинство за формирање на влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e