Дедото на Кирацоски се повлече од работното место

„Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола“ соопшти генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.

Тој додава дека неговиот дедо бил ангажиран на легален и легитимен начин но поради реакциите во јавноста ќе се повлече.

„Жалам што и Борис Поповски (н.з дедото на Кирацоски) како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас“ пишува Кирацоски на својот фејсбук профил.

Вчера од работните места се повлекоа и мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадиновски која беше вработена во Централен регистер и синот на пратеникот Горан Мисовски.

Нема информација дали од ќе се повлечат и блиските роднини на пратеничките на СДСМ Мира Стојчевска и Милева Ѓорѓиева. Стојчевска и Ѓорѓиева не одговораат на телефонските повици и на пораките.

Синот на Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ,а братот во РЕК Битола. Синот на Ѓорѓиева е вработен како инспектор за јавна безбедност, снаата  во општина Радовиш на неопределно време, а братот како педагог во ОУ „Атанас Нивичански“.

Од ДУИ засега молк за темата непотизам, иако во јавноста се открија и случаи на нептоизам поврзани со блсики роднини на нивни функционери.

Министерот за економија Кресник Бектеши денеска кажа дека  нема да побара од неговата сестра да го напушти работното место во АД МЕПСО, бидејќи, како што рече, не е вработена во Министерството за економија, полнолетна е, не живее со него, мажена е и сама одлучува за својот живот.

На прашањето дека во меѓувреме во АД ЕЛЕМ се вработила Нертила Усеини Каба, сопругата за братот на неговата сопруга, Бектеши одговори дека нема никаква крвна поврзаност меѓу нив.

На списокот на сомнителни партиски вработувања за кои Антикорупциската комисија соопшти дека ќе ги итсражи се и вработувањето во ЕЛЕМ на  сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, кој е од партијата „Алтернатива“, на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери во ЕЛЕМ, вработувањата во училишта  на сопругата на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, на сопругата на градоначалникот на Општина Неготино, вработувањето во МВР на сопругата на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e