Децата на Груевски се невини, се разбира, но, проблемот за кој не размислувал и не размислува нивниот татко, е во тоа што во пакетот со невиноста, тие цел живот ќе си го влечат фактот дека без своја вина се деца на едно чудовиште.
Свиркањето и вревата, можеби и паролата “Шутка не ти бега Никола”,што одекуваа над снежните наноси во Градскиот парк додека мандатарот ја влечеше санката со своите деца, покажуваат неколку работи:
-прво и основно, нивото на општите и индивидуални страдања што бившиот премиер и неговиот режим им ги нанесоа и се уште им ги нанесуваат на луѓето,
-второ, дека изживувањето врз децата на вмровската врхушка може во блиска иднина да добие сериозни димензии, што ќе наложи врз отстранувањето на тие потенцијали многу сериозно да се работи на сите нивоа и,
-трето, настанот од Градскиот парк би требало да му ја запали на Груевски црвената лампичка на одговорноста која ќе му сугерира под итно да го врати мандатот, да се повлече од лидерската позиција во вмро и да поразговара со своите деца на кои ќе им ја открие монструозната природа на нивниот татко!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски