Давчевски: Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат дали во Дрисла се складира штетен отпад

Изјава за медиуми,
Драги Давчевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје
Скопје, 12.04.2017
Почитувани,

СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје веќе одрeдено време бараат информации за степенот на инвестирање но и начинот на функционирање на депонијата Дрисла. Коце Трајановски и Град Скопје мора да им одговорат на граѓаните дали на депонијата Дрисла се складира и третира увозен отпад кој е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина.

Истовремено, го повикуваме и Јавното обвинителство да преземе чекори и отвори истрага за да може да провери и утврди дали на депонијата се третира отпад кој е опасен по здравјето на граѓаните.

Со оглед на сериозноста на темата, СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје ќе побараат закажување на вонредна седница на Советот на која ќе се расправа исклучиво за ова прашање.

Дополнително, од градоначалникот Трајановски бараме да го разреши директорот на Водовод Скопје поради сознанијата дека истиот е именуван без доказ за завршено образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e