Данкан за 360°: Ако Македонија сака да биде богата и слободна не треба да гледа кон Русија

Ви го пренесуваме во целост интервјуто на уредникот во 360°, Владимир Мирчески со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан.

Мирчески 360°: Министре, Ви благодарам за учеството во денешното издание на „360 степени“.
Во моментот актуелно е прашањето заформирање влада. Засега, изгледа декаСДСМ и партиите на етничките Албанцисе на пат да постигнат договор за влада,но прашањето е како ќе реагира ВМРО-ДПМНЕ. По Вашата средба со Никола Груевски, се уште владејачката партија објави соопштение во кое се порачува дека во земјата ќе има тензии ако ВМРО-ДПМНЕ не биде дел од власта и дека раководството на партијата е под силен притисок од членството.

Данкан: Она што се случува меѓу партиите зависи исклучиво од нив. Јас сум британски министер за надворешни работи и Обединетото Кралство не се меша во политиките на друга земја и тоа нема да го правиме. Целта на мојата посета е да се сретнам со сите партии, да разговарам со нив, да утврдам што се случува, но истовремено и да разјаснам дека Обединетото Кралство ја охрабруваи ќе и помогне на Македонија да напредува во реформите, во начинот на кој постапувала владата,за што конечно се надеваме дека ќе доведе до членство во ЕУ и НАТО. Така што, ние сме со Македонија на нејзиниот пат, но не сме тука за да „го пикаме носот“ и да и кажуваме на земјата што да прави.

Мирчески 360°: Специјалното обвинителство беше формирано за да ги истражи случаите со масовното прислушување, но и случаите за можна злоупотреба на власта и моќта, кои произлегуваат од содржината на тие разговори. Како може Македонија да продолжи напред без да се расчистат овие случаи зашто гледаме дека СЈО се соочува со бројни пречки,особено од некои институции?

Данкан: Мислам дека треба да има јасна истрага која треба да се спроведе транспарентно и на решавачки начин зашто само така кредибилитетот на земјата ќе се перцепира како нечепнат. Затоа велам – продолжете,тоа мора да се случи, сторете го тоа за да се расчистат работите и обвинувањата.

Мирчески 360°: Одиме на прашањето за името кое сега не е таков приоритет како што беше пред неколку години. Мислите ли дека е можно негово затворање во блиска иднина,дали сте оптимист со оглед на тоа што ова прашање е главна пречка за Македонија да стане членка на НАТО?

Данкан: Морам да кажам дека ја почувствував силината на чувствата за прашањето за името и секако дека е пожелно негово решение.Тоа мора да го договорат Македонија и Грција и ако можеме на каков било начин да помогнеме олеснување, дискусии што водат кон договор тогаш тоа би било одлично,но ние немаме фиксирани гледишташто би значело дека ќе и кажемена едната, или на другата страна дека треба да се нарекува вака или онака.Би сакале двете земји заедно да го решат ова прашање за тоа понатаму да не биде пречка за добра соработка меѓу Македонија и Грција и Македонија да може да се приклучи на одредени меѓународни организации за што е потребно решение за името.

Мирчески 360°: По првичните пораки на дистанцирање на Доналд Трамп од НАТО,последните изјави од потпретседателот Пенс,секретарите Тилерсон и Матис, но и од самиот претседател на САД се дека, сепак, и оваа администрација останува посветена на НАТО и на трансатлантското партнерство. Дали е светла иднината на ова партнерство и на НАТО?

Данкан: Да. Сега сум поголем оптимист отколку што бев пред еден месец.Изминатиот викенд бев на Минхенската безбедносна конференција на која потпретседателот Пенс разјасни давајќи изјава за поддршка на НАТО.Поентата на претседателот е дека сите членки треба да го платат својот дел, што не е исто со тоа да се каже дека сака да го намали американското влијание во НАТО или дека придава помалку значењена НАТО од тоа што ние би сакале.Оттука, уверен сум дека новата американска администрација целосно ќе го цени значењето на НАТО и ќе ја игра својата улога, особено за безбедноста на овој дел од светот.Тоа е добра работа, тоа ќе го стори и Обединетото Кралство и ние ги плаќаме нашите 2 процента

Мирчески 360°: Дали по Брегзит, Британија се уште е посветена на Западниот Балкан,а со тоа и на Македонија?

Данкан: Секако, да. Ние ја напуштаме ЕУ која е нешто како клуб на влади,но не ја напуштаме Европа и јасно не се повлекуваме од одбраната,безбедноста и од учеството кое,според нас, многу значи за овој дел од светот.Ние ќе го зголемиме нашето внимание на Балканот.Всушност, неделава имавме многу значаен состанок на Советот за национална безбедност на кој беа донесени јасни одлуки за зголемување на ресурите и нашите напори во овој дел од светот.Значи, не се враќаме назад,туку одиме напред.

Мирчески 360°: Русија се обидува да го пополни просторотшто Западот го остави делумно празен на Балканот.Москва е многу гласна за ситуацијата во Македонија за која прстот го вперува кон западната алијанса. Што мислите вие за ова?

Данкан: Оваа недела ја посетив и Црна Гора. Мешањето што таму го видовме е неприфатливо.Мислам дека е фер да се каже дека треба да бидете внимателни за тоа што би значело зголемено руско влијание. Мислам дека Русија „игра“ само за своите, а не за интересите на регионот. Ние, НАТО, сме тука примарно за Ваш интерес. Ако сакате да бидете побогати и послободни тогаш би рекол не гледајте кон Русите, туку кон Европа. Но, ако сакате да бидете посиромашни тогаш одете по алтернативниот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e