Во овој кабинет, освен кога има воена криза или некои елементарни непогоди, нема дојдено ниту еден министер, нема дојдено премиер, ниту претседател на државата, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, кој е од редовите на СДСМ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На почетокот на месецот најавивте набавка на средства и возила за прскање против загадувањето. Дванаесет години сте градоначалник, зошто дури сега ги набавувате?
Ние не сме набавиле таква опрема.
Најавивте дека ќе набавите.
Зборувавме како можност во изградба на стратегија на координативното тело и акциониот план кој треба да се донесе во нареден период. Тоа не е нешто што ќе го направиме ад-хок, меѓутоа тоа не е решение за проблемот со загадување на амбиенталниот воздух.
Што е решението?
Мислам дека тоа е една системска болест. Системска болест која не е привилегија на само еден орган како локална самоуправа, туку е болест која е подеднакво поделена прво на централната власт, потоа на локалната власт.
Што може сега вие како градоначалник да направите?
Куманово спаѓа во ниско, односно слабо загадени градови. Дадоа едно 10-15 градови кои се пред нас, значи тоа е една флуктуација која се менува. Сега ако ги гледаме инструкциите на Министерството за животна средина, дека главната кауза за загадувањето, зборувам сега за ПМ 10 честички, бидејќи тука имаме и други сегменти, имаме карбон моноксид, имаме азотен оксид, имаме сулфур диоксид, значи во сите сегменти ние сме ниско загадени, односно слабо загадени средини. И тука имаме два сегмента, едното се издувни гасови, другото загадувањето од оџаците, од цврстото горење.
Целото интервју прочитајте го тука