Дали „МакедонијаЛек“ ќе плати казна од 70. 000 евра?

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека договорот со „Македонијалек“ одговорна за скандалот со погрешните декларации на 650 кутии со МРП вакцини изјави дека нема да го раскине договорот со фирмата, но како превентивна мерка, фирмата нема да може да конкурира на наредниот тендер.

Тој рече дека се надева на максимална казна од 70.000 евра за „Македонијалек“, а најави и санкции против здравствените работници кои пред два месеци ги примиле вакцините, а не забележале дека има погрешни декларации.

Министерот, иако најавуваше и построги санкции како одземање на лиценца и негативна референца за „Македонијалек“, го смени ставот и сега вели дека тоа може да влијае врз набавката на вакцини.

Инаку, денеска е детектиран нов случај на морбили во општина Карпош, а уште пет се сомнителни. Комисијата за заразни болести е децидна дека епидемијата нема да го продолжи зимскиот распуст на учениците, но се разгледува предлогот за вакцинација во училиштата.

Според податоците, околу 4000 ученици од прво до деветто одделение ја немаат примено МРП вакцината. Откако е прогласена епидемијата од морбили на територијата на Град Скопје се вакцинирани нешто над 2000 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e