Цветанов: Иванов потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатило „Тиранската платформа”

Дали претседателот Ѓорге Иванов потврди дека и ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ преговарале и се договориле за платформата на албанските партии пред да пропадне договорот за коалицирање? Прашањето се актуализира по интервјуто на шефот на државата за австрискиот „Виенер Цајтунг“.

„Големата лага и манипулација на македонските граѓани започна пред изборите во декември 2016 година кога почнаа манипулациите дека се спрема двојазичност, платформа итн. Сето тоа до пред неколку дена можеше да држи вода за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, но со последното интервју на претседателот Ѓорге Иванов тој практично призна дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило да биде во Влада со истата платформа односно со истите услови, а ако ги погледнеме интервјуата направени со функционерите од ДУИ, тие самите кажуваат дека СДСМ прифатило многу помалку од таа платформа отколку  што прифатил Никола Груевски“, вели Ване Цветанов.

Се шпекулира дека преговарањето за коалиција меѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ кое започнало неколку дена по објавувањето на платформата на албанските партии, наводно пропаднало по телефонски повик од албанскиот премиер Еди Рама. ВМРО – ДПМНЕ по неуспехот да коалицира со ДУИ соопшти дека „Над 95% од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за воведување на двојазичност, каде беа и главните разлики“.

Социјал – демократите пак, остануваат на ставот дека платформата не е вистинскиот проблем.

Седницата се уште е фокусирана на реплики и контра-реплики со главен апел да се отфрли платформата на албанските партии за која ВМРО – ДПМНЕ смета дека е закана за националната безбедност. Претседателот Иванов останува на ставот дека постои обид за надворешни мешање за формирање на влада додека меѓународната заедница очекува забрзување на овој процес.

ТВ24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e