Актуелната политичка состојба со блокадата на Собранието, плановите на новото парламентарно мозинство, како и отворање на постапка за редовен партиски конгрес, вечерва теми на централниот партиски одбор на Социјалдемократите.
Се очекува лидерот Зоран Заев да реферира околу состојбите со блокадата на Собранието, но и да предложи отворање на постапка за организирање на Конгрес.
Според информациите на ТВ 24, плановите се Конгресот да биде кон крајот на мај. На него би требало да се потврди мандатот на Заев за претседател на СДСМ, бидејќи му истекува на 2 јуни.