Членови на СДСМ на распит во Јавното обвинителство

Јавното обвинителство повикува на распит членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, дознава А1он.

Утрово обвинителството на Зврлевски преку соопштение изјави дека предметот е отворен во 2016 година.

„Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи“, стои во соопштението.

Од СДСМ предходно изјавија дека како што велат јавното обвинителство кое работи под диктат на Груевски постојано ја чешла партиската документација и документите на нивните членови иако знаат дека нема ништо нелегално меѓу нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e