Чилиманов за Заев: Кариерата ќе му заврши во гепек

Цветин Чилиманов, новинар и уредник во Македонската информативна агенција, познат по тоа што постојано се става во одбрана на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, преку Фејсбук статус прогнозира дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе заврши во гепек на некој автомобил.

“Од сите нечесни и подли работи што ги направил Заев, а ги има поприлично, во моментов хит ми е тоа што он ја прифаќа платформата во Тирана, вклучително и барањето да се сменат името, знамето, химната, грбот (можеби заборавам уште нешто) на Македонија, и тоа го користи како адут во преговорите со албанските партии, ама во исто време на македонските гласачи им вели – не се секирајте, тука е ВМРО, они ќе го блокираат ова што јас го прифаќам и нема да дозволат да се имплементира.

Добро бе, која е таа моронштина црпнатопаламудачка? Прифаќаш нешто во преговори пред една етничка заедница за да ги попалиш во балкански мачонацинализам, кокетираш со албанските партии и им ја прифаќаш платформата (со се Рама и неговите мапи на Голема Албанија), а притоа калкулираш дека некој друг ќе ти помогне да се спасиш од таа обврска така што ќе те надгласа во Собрание (каде патем немаш мнозинство затоа што ГИ ЗАГУБИ ИЗБОРИТЕ!!
Ваков бишкарник немало во политиката до сега. Сосем е јасно дека кариерата ќе му заврши во гепек на некоја кола откако нема да успее да исполни некое од безбројните опречни ветувања кои досега ги има дадено. Прашање е само дали тој што ќе ја вози колата на депонија ќе биде Македонец, Албанец, Американец, Талијан…” – напиша на Фејсбук, Чилиманов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e