Честитка од општина Струмица по повод големиот христијански празник Божик

Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед

Во пресрет на Рождеството Христово – Божик, еден од двата најголеми празника во хритијанскиот свет, Ви упатуваме празнична порака исполнета со љубов и почит, посакувајќи ви среќа, хармонија и благосостојба во вашите семејства. Нека Бадник повторно ја донесе сета убавина на семејното исчекување на убавата вест за раѓањето на Исус Христос, и нека биде тоа причина да ја пронајдете Божественоста во себе.

Да бидеме големи во големината на Божик. Да ги прочистиме срцата и душите, за да направиме место за добрината, човечноста и милосрдието. Човековите вредности и доблести нека бидат наши заеднички обележја, за да бидеме достојни на големото празнување.

Честитајќи ви го Христовото раѓање, Ви посакуваме, Вашите домови секогаш да бидат олицетворение на љубов, среќа и топлина, а Божикниот поздрав „Христис се роди“ нека ви го отвори патот кон посакуваната цел.

За многу години нека Ви биде Рождеството Христово, се вели во честитката испратена од Општина Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e