Чавков спречен во обид за бегство кон Будимпешта, ставен е во затворот Шутка

Митко Чавков попладнево, на барање на ОЈО е спроведен во притвор, дознава и пренесува Либертас. На барање на ОЈО одредена му е мерка притвор од 30 дена.

ОЈО потврди дека е побарана мерка притвор, поради добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност.

-Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.

Претпостааваката е дека Чавков се спремал да избега кон Будимпешта кај што веќе неколку месеци е и поранешниот премиер Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e