Чавков не побарал амнестија

Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков не поднел барање за амнестија, соопшти утрово неговиот адвокат, Сашко Дукоски пред почетокот денешното на рочиште за упадот во Собранието на 27 април.

Адвокатот Дукоски рече дека Чавков сакал да докаже пред судот дека не е виновен. Според него, Законот за амнестија е донесен и составен наменски за одредени луѓе кои се обвинети во случајот за „крвавиот четврток“.

Дукоски смета дека судијката Кацарска е во право кога вели дека не треба таа да одлучува по барањата амнестија, туку Кривичниот совет.

На вчерашниот брифинг претседателот на Кривичен, Иван Џолев, пак рече дека за барањата треба одлучува Судечкиот совет кој го води случајот на чело со судијката Добрила Кацарска.

Вчеравечер истече 5-дневниот рок за поднесување барања за амнестија, а до Кривичниот суд беа доставени 64 барања за амнестија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e