Демократската унија за интеграција денеска во седиштето на партијата во Мала Речица ќе одржи Централно претседателство на кое тема ќе биде вчерашната средба на претседателот на партијата со високата претставничка на Европската унија за безбедносна и надворешна политика Федерика Могерини и пораките кои ги добил Ахмети од неа.
Покрај ова, претседателот Ахмети ќе ги информира своите соработници и за средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев како и за понатамошните чекори кои ќе треба да се превземат по одбивањето на Иванов да го даде мандатот на Заев.