Прес конференција,
Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ
Скопје, 03.11.2016
Добар ден на сите,
Погледнете позади мене –живеат луѓе во импровизирани живеалишта од кеси и од картони. Застанав овде за да им ветам на овие граѓани дека секој кој живее овде на овој студ во импровизирано живеалиште на улица или под мост дека ќе добие соодветно или топло сместување.
Пред вас, кои што ја следите оваа изјава од сопствените домови се обврзувам дека нашата држава, е по Устав социјална, и таа ќе се грижи за сите граѓани.
Освен што ќе воведеме програма за извлекување од сиромаштија или секое домаќинство кое што живее во сиромаштија и кое што нема друг приход ќе добие 12.000 денари.
Дополнително, воведуваме услуги за социјална заштита, којшто ќе бидат заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај овие граѓани.
Семеен социјален работник близок до граѓаните ќе работи на превенција и интервенција, директно во семејниот систем кај оваа група на граѓани, тој ќе биде тука и заедно со нив, заедно со државните институции ќе ги решава социјалните ризици и ќе ги надминува социјалните проблеми со овие граѓани.
Заедно пак со општините, со бизнис секторот и со граѓанскиот сектор ќе отвориме локални социјални услуги за превенција, заштита и поддршка на граѓаните којшто живеат во сиромаштија или социјален ризик. Тука ќе ги опфатиме центрите за лица со попреченост, центрите за заштита од родово базирано насилство, центри за поддршка на самохрани мајки кои имаат потреба од поддршка во развој на сопствените деца.
Ќе создадеме систем којшто ќе ја намали зависноста на граѓаните од волјата на поединци во државните институции и ќе создадеме систем на социјална заштита којшто ќе обезбеди достоинствен живот на граѓаните кои во овој момент живеат во сиромаштија.
Одговори на новинарски прашања,
Медиуми: Кој е случајот на ова семејство овде?
Царовска: Ова семејство, живее или се води во друг град, Во Скопје живеат повеќе од 15 – 20 години, си имале своја барака која што веројатно била општинска или од времен карактер во Аеродром. Таму се срушени и од тогаш немаат видено ден! Тие цело време живеат под мостови, на улица, во некои импровизирани живеалишта. Снаата од ова семејство, или мајката на ова девојче почина. Три дена требаше некој да дојде да ја земе поради тоа што не беше државјанка на Република Македонија. Но тоа беа страшни услови нејзиното дете требаше да ја гледа три дена почината, тука, во овој простор. Навистина ние како општество, како држава мора да се грижиме сите граѓани, кои се во одреден социјален ризик, кои што гледаме дека патат да најдеме начин да ги разрешиме овие проблеми. Ова девојче сега ќе ја има истата судбина како бабата и дедото, како мајката и таткото, ако не направиме сега на време нешто. Сѐ уште нема документи за евиденција кај ова девојче, не е впишано во матичната книга на евиденција, не може да оди во градинка, за некоја година нема да може ни во учулиште да оди. Што да правиме? Да оставиме вака уште неколку години да си почекаме?! Не! Мораме веднаш да интервенираме да се воведе во книга, да почне да оди во градинка да се запише во училиште, да ја имаме како образовен кадар кој што понатаму ќе може да работи и да излезе од сиромаштијата, со тоа ќе го извлече и семејството од сиромаштија. Ова девојче е и глувонемо. Таа мора да има посебно образование за да го научи јазикот на глувонемите и да може да комуницира со своите, но и со останатиот свет.
Медиуми: Имате ли статистика колку граѓани припаѓаат на оваа категорија?
Царовска: Бездомни? Ние немаме регистар на бездомни. Ние немаме ниту регистар на лица со попреченост . За ова девојче немате регистар кај што ќе биде заведено. Според статистиките на Државниот завод за ревизија смешно е дека сиромаштијата ни се намалува. Таа се продлабочува, граѓаните и со социјалната помош не може да живеат, многу од нив се исклучени од систем на социјална заштита, заради тоа што должат некои пари на државата, необезбедиле некој документ. Целосно нехуман социјален систем имаме. Кој што не е насочен кон потребите на граѓаните кој што не одговара на граѓаните, туку само создава административни бариери за да не го остварите правото. Навистина сметам дека ова мора да се смени ѝ затоа се обврзувам дека СДСМ по доаѓањето на власт ќе го создаде хуманиот, или ќе го креира хуманиот дел од системот на социјална заштита кој што во моментов го немаме.