Разгледувавањето на можности за поширока искористеност на поддршката за технолошки развој, како и за обезбедување на квалификувана работна сила се дел од темите на денешната средба на заменичката на претседатлот на Владата за економски прашања Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска со преставници од Организацијата за работодавачи, Кластерот за текстил и граѓанската организација „Гласен текстилец“, којашто работи во заштитата на работничките права.
Присутните, како што соопштуваат од кабинетот на Царовска, го искажале задоволството од иницираната прва средба и најавија дека во иднина редовно ќе се состануваат, со цел преку социјален дијалог да го унапредат производството и продуктивноста, но и да обезбедат подобри услови за работниците.
Сите присутни се согласиле дека само преку континуиран и квалитетен социјален дијалог може да постигнат висока продуктивност и конкурентност на компаниите со што ќе се овозможи понатамошно подобрување на работните услови и економски раст и развој.