Караванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ вечерва ќе биде со граѓаните на општина Делчево.
Граѓанската трибина ќе се одржи во Спортска сала „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево, со почеток во 20.00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат: потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, членот на ЦО на СДСМ Зоран Китанов и Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски.