Царина ќе го чека Трајковски да се врати од Будимпешта за да утврди дали е болен

Царинската управа вели дека нивниот вработен Александар Трајковски, кој на 11 декември беше фотографиран со избеганиот и осуден експремиер Никола Груевски во Будимпешта, на петти декември кај раководителот пријавил дека е на боледување и дека ќе чекаат да се врати за да проверат дали станува збор за злоупотреба на боледувањето. Трајковски е и советник во Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ., пренесе СДК.

Доколку постои сомнеж за злоупотреба на боледувањето, согласно актите на Царинската управа е предвидена процедура за водење на дисциплинска постапка. Според член 81 од Законот за работни односи, предвидено е дека работодавачот може да го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обрските утврдени со закон, Колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување е со отказен рок е особено ако: поради оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа не го извести непосредниот раководител“, велат од Царинската управа.

Повеќе прочитајте ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e