Прв пат овој лик го гледав на А1 а последен пат го гледав синоќа на неговата ТВ нова.
Изминативе години од кога не постои А1 Лесно му беше со СИТЕЛ , Канал 5 и скоро сите сателит телевизии да изманипулира народ. Секоја чест на Телма и 24 вести за работењето и храброста во изминативе години со кои ја зголемија гледаноста , но сепак сеуште се далеку од гледаноста на Сител. За да ги стигнат треба време, посебно нашиот народ кој тешко прифаќа да смени навики и промени.
На времето, Сител со помош на власта се обидуваа да го срушат рејтингот на А1. Ама не успеаа. Да успееа можеби и Велија ќе добиеше помала казна. Но отидоа до крајност и се случи тоа што се случи. И ни се случува ова што ни се случува.
Велија пред некој ден наполни 70 години. 6 години е во затвор и има уште 8 години да долежи.Фер ли е? Не е ама ич. Важно е дека е добар и во такви околности здрав и жив и нормален. И самиот уште пред да биде уапсен изјави голем дел што ќе се случува од работите што ни се случуваат изминативе 6 години. Искрено верувам дека Велија ќе биде скоро ослободен и прогласен за херој и заслужен граѓанин кој покажал огромна храброст, но дал уште поголема жртва со тоа што му се спротивстави на ова зло кое сеуште и ден денес го гледаме на телевизија.
Сефер Цановски