Бучковски: Заев е свесен дека ќе плати голема политичка цена

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во вестите на Канал 5 изјави дека актуелниот шеф на македонската Влада, Зоран Заев, ќе плати голема политичка цена со законот за амнестија кој пред Нова Година им овозможи ослободување на обвиненијата на 15-мина инволвирани во упадот на Собранието на 27 април.

– Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото – рече Бучковски.

Екс-премиерот рече дека во редовни ситуации ваквата законска амнестија бара подетална анализа и голем број на собири и дебати на правни експерти, но вонредната ситуација барала побрзо делување во кое се прават и грешки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e