Бројката се зголемува, уште пет лица заболени од коронавирусот

Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус биле тестирани 10 пациенти, од кои 5 се позитивни на вирусот.

„Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар“.

Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.

За вечерва, Министерството за здравство најавува прес-конференција во Владата, а за времето на одржување информацијата ќе биде испратена дополнително од Владата на РСМ, соопштуваат од министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e