Брнз: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија како земја што придонесува во Алијансата

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз на нејзиниот твитер-профил упати честитки до сите Македонци за влезот на Северна Македонија во НАТО.

– Официјално е, Северна Македонија е 30-та членка на НАТО! Честитки до сите македонски граѓани за ова монументално достигнување. Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија како земја што придонесува во Алијансата, наведе Брнз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e