Брнс: ДКСК презеде важни чекори за попроактивно да се бори против високата корупција

Соединетите Држави се силен поддржувач на аспирациите на Северна Македонија да биде просперитетна, безбедна и инклузивна демократија, целосно интегрирана во НАТО, во ЕУ и во другите трансатлантски институции. Многу важен дел од тоа е силното безбедносно партнерство меѓу нашите две држави, изјави амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз за МИА по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Амбасадорката додаде дека сега е време да се гледа напред, не назад – цврсто да се вгради нашата земја во евро-атлантските институции, да се зацврстат нејзините демократски институции, и да порасне економијата за подобар живот на сите граѓани, а особено за генерациите кои доаѓаат.

-Минатата недела во Лондон, бевме сведоци како Северна Македонија првпат седи на масата покрај генералниот секретар на НАТО, опкружена со своите идни сојузници. На почетокот на 2020, очекуваме и официјално да ви посакаме добредојде како наш 30-ти сојузник во НАТО. Во последните неколку месеци, патувам низ земјата, зборувам со студенти и слушам директно од нив. Младите кои ги среќавам се фокусирани на градење на иднина која во предвид ги зема нивните грижи и очекувања за постоење на фер однос, можности и транспарентност, рече амбасадорката Брнз.

Таа додаде дека тоа што денес постои жива дискусија за корупцијата е возможно заради напредокот што е постигнат во промовирањето на транспарентноста и одговорноста – и гаранциите дека за разлика од минатото, злоупотребите не се ставаат под тепих.

Оваа транспарентност, истакна амбасадорката, претставува нето позитивна придобивка за земјата. Зголемената транспарентност значи дека луѓето знаат повеќе за внатрешните состојби на нивната влада и можат да бараат корегирање на активностите.

Состојбата со слободата на медиумите, како што додаде Брнз, е многу подобрена во однос на состојбата од пред само неколку години, односно денес медиумите можат слободно да известуваат и да ја повикуваат владата на одговорност, без страв од директна или индиректна одмазда.

-Државната комисија за спречување на корупцијата има преземано важни чекори за попроактивно да се бори против високата корупција низ целиот политички спектар. Владата има преземано чекори да го подобри јавното управување со финансиите и нивната транспарентност, на пример преку лансирање на новиот портал Отворени финансии, што секој може да го користи онлајн ако сака да ги следи трошењата на државата, појасни Брнз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e