Бошковски и Кратовалиев на средба со францускиот Амбасадор, Кристијан Тимоние

Претседателот на Обединети за Македонија г. Љубе Бошкоски придружуван од потпретседателот г. Кратовалиев и неговата Екселенција г. Кристијан Тимоние разменија мислења и ставови поврзани со актуелните политички и општествени случувања во Република Македонија. Бошкоски ги истакна принципиелните ставови на Обединети за Македонија за потребата за влез на Репулика Македонија во ЕУ и НАТО но и за безусловната поддршка која Обединети за Македонија ја дава на новоформираното парламентарно мнозинство, како и за заложбите на Обединети за Македонија за враќање на демократските процеси во земјата. Претседателот Бошкоски изрази благодарност за сестраните заложби на Република Франција, и особено на неговата екселенција, г. Тимоние за стабилизирање на состојбите во Република Македонија во изминатиот период од две години, стои во соопштението од ОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e