Рекордер меѓу политичките партии по собрани донации од 1 јануари до 31 декември 2016 година е ВМРО-ДПМНЕ, со собрани вкупно 1,88 милиони евра членарини и донации од поединци и од фирми, се гледа од извештаите што ги објави Државниот завод за ревизија.
Од вкупно регистрирани 5.880 уплаќачи, партијата собрала 115,55 милиони денари, односно 1,878 милиони евра. Уплаќале партиски функционери, функционери во државни институции и пратеници, а на листата се и Борис Дамовски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија, кој уплатил 91.000 денари, како и аналитичарите Александар Пандов со 30.000 денари и Александар Даштевски со 13.000 денари.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски уплатил 30.000 денари.