Бомбата експлодира во рацете на претседателот

Во секое зло има и нешто добро. По овој настап на претседателот на државата и по отворената закана да ги одредува програмските цели на новата влада тоа може да биде сериозен поттик за брзо формирање на партиското мнозинство со повеќе од 61 пратеник, а многу бргу и на повеќе од 69 пратеници по конституирањето на Собранието и по заклетвата на новата влада и новиот премиер.

Партиските лидери кои не се согласија да прават коалиција со ВМРО-ДПМНЕ сега се сигурни што е целта на претседателот, но и од кај дува ветерот. Целата јавност знае претседателот Иванов на своите хаотични консултации последен го прими неуспешниот мандатар Груевски со кој не сака да коалицира постизборно ниту една релевантна политичка партија по што ги соопшти на јавноста своите нови противуставни самоовластувања и подготвеност да го спречи конституирањето на парламентот и на новата влада и на мирното примопредавање на власта.

Ако овој деспотизам и закана за уривање на темелите на општествено-политичкиот поредок не ги забрза преговорите за обезбедување стабилно мнозинство кај опозициските партии, тогаш патот за поделба на државата и на загроза унитарноста за која толку се грижи претседателот е отворен. Тоа го направи претседателот на државата Ѓорге Иванов. Дали е тоа негова лична одлука или нарачка, еден ден ќе се дознае или по сопствено признание на претседателот, а можеби и на нарачателот. Во секој случај, претседателот Иванов не може да се ослободи од одговорноста за своите постапки. Историските околности во кои се случуваат овие настани налагаат голема државничка зрелост, храброст и одговорност за спроведување крупни реформи и изградба на современо демократско европско општество. Испуштањето на оваа шанса е непростливо.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e