Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од пред Државната изборна комисија изјави дека согласно одлуката на Извршниот комитет, партијата нема да учествува на прегласување, доколку тоа помине на Државната изборна комисија и на Управниот суд. Исто така тој најави и дека нема да ги признае резултатите од прегласувањето.
Според него членовите на ДИК не биле независни и работеле во спротивност на интересите на Македонија иако дел од приговорите кои беа поднесени од страна на СДСМ и БЕСА беа аргументирани и оправдани.
Само за потсетување, прегласувањето може да резултира во промена на изборниот резултат што во секој случај не му одговара на ВМРО-ДПМНЕ, па можеби и токму затоа се овие негодувања.
Чудно е што на изборите во 2013 година имаше прегласување во скоро сите гласачки места во Општина Центар а сега се прават опструкции заради само едно место.
Груевски исто така најави и дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да дозволи странски претставници да учевствуваат во процесот на преговори иако во јавноста се зборува дека тој ги има узурпирано сите институции во државата и дека оваа криза без помош на меѓународната заедница немаше да се реши во никој случај.
На крај останува прашањето, што со безбедноста на Македонија. Се спремаат ли црни сценарија за дестабилизација. Предходно на Фејсбук излезе статус на кој најверојатно член/симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека во Скопје ќе пристигне со куршуми, додека и самите високи функционери на ДПМНЕ се служат со зборови кои поттикнуваат насилство како Ќосето, гневот на народот, ножеви, посакување смрт за лидери на политички партии и сл.