„Аферата „Рекет“ е прецизно обработена акција, во која се сруши надежта во правдата во Македонија. Тоа беше организирана акција за рушење на антигруевистичкиот потенцијал во македонското општество“. изјави вечерва Петар Богојески во Само Вистина на „Канал 5“.
– „Рекет“ не е акција во која членови од власта или од ВМРО-ДПМНЕ се здружиле за да му земат пари на Орце Камчев. Се сруши потенцијалот за промени во општеството, вели тој.
Со оваа акција, продолжува Богојески, Македонија се превте од наопаку на грб, односно многумина плашејќи се од СЈО, сега после неговата пропаст се вратија на своите стари позиции.