Ги повикувам сите мои пријатели и сите млади, чесни луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да не влегуваат во црните и штетни сценарија, кои се последна сламка за спас на обвинетиот Груевски и криминалната група која ја има окупирано партијата.
Никој не ја продава Македонија, нема никаква кантонизација или федерализација!
Никој нема ништо против вас искрените и чесни млади луѓе туку напротив, новата демократска влада најпрво ќе се заложи за нормален животен стандард за да можеме ние, младите да останеме во нашата татковина Македонија!
Како млади и прогресивни, да покажеме зрелост и да помогнеме конечно Македонија да оди напред!
Стефан Богоев