Богоев: Кој губи и ќе одговара, има право да се лути и да прави евтини монтажи!

Целосно ја демантирам веста на порталот Журнал под наслов: “ФОТО: Богоев дава инструкции – СДСМ стои зад објавените некролози на амбасадорите”. Објавените фотографии од наводно моја Viber комуникација се целосна монтажа и невистина. Пред 3 дена видовме дека токму Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повикаа на финална пресметка со амбасадорите во Република Македонија и сите нивни неистомисленици. Не е прв пат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ јавно да повикуваат на линч и омраза кон дипломатските претставници и демократската јавност. Режимот е на колена, а неговите челници се осамени. Да не дозволиме нивната омраза и гнев да станaт наше секојдневие.
Повторно повикувам на разум и смиреност.
Барам порталот Журнал целосно да го објави овој демант!

Фејсбук статус на Стефан Богоев, претседател на СДММ и пратеник во Собрание на Р.Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e