Горд сум што вчера бев рамо до рамо со Зоран, Радмила, Оливер и со сите останати наши другари и другарки кога бевме крвнички нападнати. Нашите исекотини и лузни ќе поминат, но ќе остане запаметено и запишано во историјата злосторството кое што го направи Вмро Дпмне, Груевски и Чавков врз легитимно избрани пратеници во законодавниот дом. Ќе бидат ставени на најцрната страна на македонската историја.
Благодарност за сите граѓани кои ни ја дадоа поддршката во овие тешки моменти за нас и за државата. Добри сме ќе се опоравиме многу бргу и ќе продолжиме заедно со сите Вас до конечно враќање правдата, слободата и демократијата.
Фејсбук статус на Благој Бочварски, пратеник во Собрание на РМ.