Откако најпрвин реагираше на начинот на водење на седницата од страна на председавачот, Трајко Вељановски, пратеникот на СДСМ од Штип, Благој Бочварски ги кажа причините за како што изјави, нервозната реакција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Трајче Димков.
-Во однос на 2014г, ВМРО-ДПМНЕ во Штип освои 6400 гласа помалку а во Изборната единица 3, добија 35 000 гласови помалку во однос на 2014г. Општински комитети им се распаѓаат, со кавги и расправии, рече Бочварски.
-Во моментов 51 пратеник блокираат мнозинство од 67 пратеници за да изберат претседател на Собрание и нова Влада која ќе работи во интересите на граѓаните. Ако не не блокиравте во оваа работа, денес конфекциските работнички ќе имаа минимална плата од 12.000 денари. Ќе имаше повраток на ДДВ кај секое семејство во просек по 6 илјади денари за овие 4 месеци, ќе беше укината радиодифузната такса од 190 денари за секој месец, повисока социјална помош и многу други мерки од програмата на новата влада, потенцираше Бочварски.