опственикот на БМЈ Медиа Груп и 1ТВ, Бојан Јовановски на својот фејсбук профил соопшти дека компанија БМЈ Медиа Груп ќе им обезбеди сместување на семејствата на лицата кои настрадаа во вчерашната сообраќајна несреќа и коишто се сега на лекување во Скопје, истакнувајќи дека ќе добијат еднократна парична помош.
Во свое лично име и во име на 1ТВ сакам да ја соопштам следнава одлука на нашата компанија. За семејствата на сите повредени лица кои настрадаа во вчерашната трагична сообраќајна несреќа и коишто се сега на лекување во Скопје, нашата компанија ќе им обезбеди сместување во Скопје додека трае лекувањето на настраданите и парична еднократна помош за лекување на настраданите. Гореспоменатите семејства ќе бидат веднаш контактирани од страна на менаџментот на телевизијата и веднаш ќе им биде овозможена наведената помош и поддршка во овие тешки моменти. Посакувам брзо опоравување на сите настрадани лица и уште еднаш го изразувам своето длабоко сочуство кон семејствата на загинатите лица.“, напиша Јовановски.
