Благој Бочварски: Власта во заминување нема никаков легитимитет да зборува за проекти во Штип

Откако го уништија јавното здравство, ги избркаа лекарите од Македонија, а пациентите лежат во субстандардни услови во болницата во Штип, ВМРО- ДПМНЕ најде да зборува за здравството и за нова болница која после 10 години сеуште ја нема. Власта во заминување нема никаков легитимитет да зборува за проекти во Штип.

Токму затоа што проекти нема, ВМРО- ДПМНЕ доживеа дебакл во Штип.

Граѓаните на Штип на предвремените парламентарни избори дадоа поддршка за СДСМ и опозицијата со преку 15 200 гласа, наспроти 14 300 за ВМРО- ДПМНЕ и владеачките партии.

Граѓаните на Штип избраа живот.

Доаѓа ново време во кое новата одговорна Влада предводена од СДСМ ќе го врати животот во Штип преку вистински и реални проекти, а бенефитот ќе го почувствуваат сите граѓани на Штип и Република Македонија.

Фејсбук статус на Благој Бочварски, пратеник во собранието од редовите на СДСМ и коалицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e