Благодарам за поддршката. Позитивните искуства од Европа ќе обезбедат подобар живот за младите

Рената Јајоска, член на Извршниот одбор на СДММ беше избрана за потпретседателка на Young European Socialists, најголемата и најсилната политичка, младинска организација во Европа!

Еве што напиша на Фејбук дек по нејзиниот избор:

“Ви благодарам за поддршката која што безрезервно ми ја дававте во изминатиов период, ова не е само личен успех, ова е успех на тимот и на #СДММ.
Се надевам дека оваа позиција ќе допринесе позитивните решенија и искуства од Европа да ги примениме и во Република Македонија, со што ќе обезбедиме подобар живот за младите во нашата земја!
Специјална благодарност до другарките и другарите од мојот тим за оваа историска победа!
Ве сакам!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e