„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено коешто на крај на денот ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а не само линеарно за сите, цената е дека за три години пензискиот фонд ќе биде неодржлив, истакна пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин” на телевизија Телма коментирајќи го предложениот Буџет од страна на власта.
Тој нагласи дека владата не прави никакви реформи туку на сметка на тоа се трупаат партиски вработувања.
„Ако не направите вистински реформи во јавната администрација и упорно јавната администрација се трупа со нови партиски кадри, еве власта треба да одговори колкав е бројот на новата администрација во овие 18 месеци? Ако не ја кажат ќе ја кажува опозицијата колкава е цената за плаќање на партиските војници и каде тоа води. Клучот и одговорот е во реформската агенда, реформите што треба да се превземат, за да имаме одржлив буџет наредните години и во суштина држава којшто може да се справи со последиците, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин” на телевизија Телма.
