На улицата „Бојмија“ во населбата Аеродром, пронајден е починат бездомник на возраст од 68 години, информираат извори од МВР.
Смртта на бездомникот ја пријавил негов другар, исто така бездомник, кај чуварот позади старите магацини на АРМ во чуварницата спроти поликлиниката Јане Сандански на улицата „Коста Новаковиќ“.
Случајот во полиција утрово околу 9.30 часот бил пријавен од другар на починатиот, исто така бездомник. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.
Првичните наоди укажуваат на тоа дека бездомникот починал од студ, но точната причина за смртта треба да ја покаже обдукцијата.