Oумдесетгодишен бездомник, целиот со рани, изнемоштен и смрзнат вчера не сакале да го примаат во болницата за хируршки болести „Св Наум Охридски“, при што настанала кавга меѓу луѓето што го донеле болниот бездомник од една страна и обезбедувањето и лекарскиот персонал од друга страна.
Што е уште пострашно, бездомникот е со дијагноза рак и тоа во напредна фаза, со што дополнително се влошува неговата здравствена состојба. Марија Матовска, граѓански активист за „Фокус“ објаснува дека 80-годишниот бездомник го пронашол нејзин близок во Градскиот Трговски центар во најстудениот период во денот, целиот со рани по лицето и изнемоштен до крајни граници.
– Кога стигнавме во болницата никој не сакаше да го прими чичкото, кој изнемоштено седеше на едно столче во ходникот. Тој не можеше да се движи. Никој во болницата не сакаше да го прими, а обезбедувањето го оставија да чека на едно столче. Јас одев од врата до врата и барав да го примаат и се судрив со еден службеник, кој ми рече: „Оставете го, што се замарате со него, човекот е ретардиран. Тоа ме погоди уште толку, ме разочара и цело време се прашувам каде отиде човечноста – раскажува револтирано Матовска.
Таа додава дека вртела во сите институции, како и во Хелсиншки комитет и кај Народниот правобранител и дури тогаш се смилувале да го преврзат изнемоштениот бездомник.
…
Tекстот во целост прочитајте го тука