Можност за невработени лица бесплатно да научат деловен англиски јазик и на тој начин полесно да дојдат до работа. Огласот е објавен денеска, а со обуките, кои ќе траат 3 месеци, ќе бидат опфатени 200 лица. На тој начин ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат Булатс, кој компаниите го бараат за вработување.
– За посетување обуки за компјутерски вештини слободни се 700 места, а за странски јазици 400. Во наредниот период, сите невработени што сакаат да изучуваат странски јазици и да се обучуваат за општи ИТ вештини, ќе можат да се пријават во Агенцијата и веднаш кога ќе се создаде минимално потребна група, обуките ќе се одржат во соодветните градови од каде што се пријавените.