БЕСА побара да не се верификува мандатот на Тарчуловски

Движењето БЕСА на конститутивната седница побара од пратениците да не го верификуваат мандатот на Јохан Тарчуловски.

– Загрижен сум што денеска во Собранието станува пратеник и некој кој што од Хашкиот суд беше осуден за злосторство кон албанските цивили во 2001 година. Апелирам до ова Собрание да не го верификува мандатот на овој пратеник, рече Зеќирија Ибрахими, пратеник од БЕСА.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во реплика пак одговори дека доколку се направи список кој кому не му се допаѓа во Собранието тој список би бил многу долг и така Собранието никогаш не би се составило.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e