Портпаролот на Движење Беса, Орхан Муртезани демантираше дека неговата партија ќе ги повлече своите потписи кои ги даде на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање на парламентарно мнозинство. Ваквите информации дојдоа по состанокот на ДУИ во Мала Речица, но Муртезани вели дека тоа не е вистина.
Од оваа политичка пратија рекоа дека ќе останат доследни на дадениот збор за формирање на Влада која ќе се бори против криминалот, но не и влада во која како што велат, ќе има инкриминирани лица.
На прашањето на ТВ21 дали е вистина дека за агенцијата „Мета“, пред состанокот на ДУИ во Мала Речица изјавил дека БЕСА ги повлекла потписите, Артан Груби одговори.
„Собраниското парламентарно мнозинство се состои од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците. Ова реформско парламентарно мнозинство со 62 пратеници има единствен заеднички коалиционен кандидат за Претседател на Собранието. Единствените партии кои што не дадоа своја поддршка за заедничкиот кандидат за претседател и што се спротивставуваат на неговиот избор се ВМРО, БЕСА и ДПА како дел од парламентарната опозиција“.
Тој во писмениот допис воедно додава дека без Претседател на Собранието нема нова Влада. Без нова Влада нема реформи, нема ни закон за јазиците, нема да се реализира ниту една точка од заедничката изјава и кризата ќе продолжи.
Но, од СДСМ велат дека добиле ветување од БЕСА дека ќе стојат на својот збор.
По синоќешниот состанок во Мала Речица, лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека раководството на партијата било свикано да се разговара по две точки.
Воедно лидерот на ДУИ потенцираше дека не треба да се исклучи можноста за нова лидерска средба. Ахмети рече дека неговата партија не донела заклучок како да се излезе од кризата, а нов состанок во Мала Речица ќе има за една недела. Пред само два дена, БЕСА најави дека во понеделник ќе излезат со свој предлог за решавање на кризата.