БЕСА и Алијансата за Албанците ќе го поддржат СДСМ

ДУИ повторно почнува внатрепартиски консултации за да изгради политичка позиција по вчерашната средба со претседателот Иванов. Од партијата на Ахмети не кажуваат дали ќе го поддржат Заев со потписи или ќе останат во сојуз со Никола Груевски. Од ДУИ велат дека на маса се сите пет опции. И додека во ДУИ сè уште не одлучиле, двете други партии на Албанците, БЕСА и Алијансата за Албанците се подготвени своите потписи да му ги дадат за СДСМ за да го добие мандатот, објави Алсат-М.

“Како движење Беса подготвени сме да му помогнеме на СДСМ да формира парламентарно мнозинство, но тоа не значи дека ќе бидеме дел од идната влада или не бидејќи сè уште не е преземена никаква иницијатива во таа насока. Не сакаме да зборуваме за хипотетички тези. Да чекаме дали СДСМ ќе преземе таква иницијатива, а потоа може да зборуваме и за поконкретни прашања.“ – изјави Орхан Муртезани, БЕСА

Ист став имаат и во Алијансата за Албанците од каде рекоа дека се подготвени да дадат поддршка СДСМ, но имаат некои предуслови.

„Алијансата за Албанците е подготвена да ги даде потписите за мандатарот кој нема да ја одбие заедничката платформа на политичките партии. Овој принцип важи и за евентуалниот мандатар од СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Ние сме подготвени да поддржиме влада само со условите кои се дел од платформата, но најпрво ќе бараме да се изгласа закон за албанскиот јазик, а потоа ќе ја поддржиме владата.“ – изјави Флакрон Беџети, Алијанса за Албанците

Во меѓувреме, двајцата пратеници на ДПА и понатаму молчат. По вчерашната средба на лидерите со претседателот Иванов, Заев рече дека е убеден оти ќе формира мнозинство, било со 62 или со 67 пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e