Бектеши: Јас не ја вработив сестра ми за да барам од неа да даде отказ

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека немал никакво влијание при вработувањето на неговата сестра, па оттука и не можел да и сугерира или да бара од неа да даде отказ, пренесе Слободен печат.

Влорa Бектеши, сестрата на министерот Бектеши е една од низата нововработени во државниот електропреносник МЕПСО. Информацијата ја потврди и компанијата и соопшти дека таа добила работна задача референт во Секторот за правни и општи работи.

Антикорупциската комисија најави дека ќе ги чешла вработувањата на блиските на функционерите, а премиерот Зоран Заев, пак, ги повика истите да дадат отказ од своите работни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e