Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, денеска изјави дека неговата партија се залага во најкраток можен рок да се формира влада.
„Ние се залагаме Собранието да почне да функционира и што поскоро да биде формирана Влада, која ќе ги исполни барањата на сите граѓани на Македонија. Онаа Влада која ќе ги исполни сите барања на граѓаните, таа влада ќе биде успешна и со таа Влада ќе се врати правдата во земјава, а сите граѓани тоа и го сакаат“, рече Бејта.
Како што вели тој, одлуката на ДУИ за преговорите ќе биде објавена наскоро. Бејта вели дека новата влада, која ќе биде формирана со еден ваков распоред на мандати, може да биде функционална и стабилна, секако доколку работи во интерес на граѓаните.
Извор: ТВ 21