Малолетни биле? Па маскирани малолетници со качулки со години правеа ршум во центарот на Скопје, и никој не ги апсеше. Многу побитно е какви кривични дела прават, а не дали се малолетни.
Банди на злосторничкото здружение хараат, ја загрозуваат сигурноста, и сакаат да предизвикаат војна и национален раздор. И, што, ќе молчиме и ќе им простиме, затоа што дел од нив биле малолетни?
Тоа што врхушката на злосторничкото здружение пушта деца во првите редови ќе им биде земено како отежнителна околност за време на судењето.
А родителите да се свестат и да се погрижат за нивните деца кои политичките криминалци ги користат како жив штит за спас на сопствената кожа.
Фејсбук статус на Жарко Трајановски, граѓански активист