Претседателот на „ЕДинствена Македонија“ Јанко Бачев повика македонските попови да фрлат анатема (црковно проклетство“ до седмо колено до сите кои вршат предавство со бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја
„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој“, вели Јанко Бачев во соопштението од Единствена Македонија.
„Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските попови имаат силна национална должност на богослужбите низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до сите кои вршат предавство со бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“ – се вели во честиката на претседателот на Единствена Македонија.