Артан Груби откри за што разговарале Заев и Ахмети

Портпаролот на ДУИ, Артан Груби потврди дека, денеска во Собранието имало средба помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.

„Денешната средба беше во насока за изнаоѓање на решение за да се надмине блокадата на Собранието, а тоа да биде на начин кој го бараат граѓаните од нас. Нема ништо чудно и тајно, туку нормални контакти помеѓу двајца лидери и бидетре уверени дека работата ќе се заврши како што треба во интерес на Македонија“, изјави Груби во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски исто така потврди дека се разговарало за следните чекори во Собранието.

„Ние не бараме од Ахмети ништо. Ние бараме конститутивната седница во Собранието да се одвива согласно Деловникот,“ изјави Манчевски.

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ и коалицијата имаат стратегија и конкретен план за да се деблокира Собранието.

„Дозволете таа стратегија и тој план да не е преку медиумите туку конкретно да биде операционализиран и со тоа да Собранието го деблокираме,“ одговори Николовски на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e